Просечната плата никако да се мрдне од место. Иако СДСМ во предизборниот период најавуваше просечна плата од 500 евра и тоа за секој вработен од едно семејство, новите податоци на Заводот за статистика се поразителни.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари.
Просечната плата бележи намалување за 269 денари во однос на месец октомври 2018 година кога просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесуваше 24 817 денари.
Иако темата околку платата беше едно на најголемите ветувања на СДСМ сепак како и многу други ветувања и ова остана неисполнето.
Па така од нивната програма “За Живот“ темата за просечната плата е на самиот врв односно на 3-тата страна. Тие во нивната програма ќе напишат:
„Обезбедуваме живот за сите граѓани на Македонија! , и набројуваат 5 клучни работи кои ќе ги направат од кои просечната плата е на прво место. СДСМ и Зоран Заев сигурни во нивните ветувања под реден број 1 ќе напишат : 1. Гарантираме повисоки плати. Просечна плата до 30.000 денари. Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Ќе има и за храна, и за сметки, и за одмор“.