Регулаторната комисија за енергетика во текот на утрешниот ден ќе ги утврди новите цени на горивата, кои во изминатиот период одат нагоре, затоа што сировата нафта на светските берзи е се’ поскапа.
Инаку, сега горивата Еуросупер БС95 и Еуросупер БС98 се продаваат по цена од 68,5 односно 70,5 денари по литар. Цената на дизелот е 61.5 денари за литар.
Одлуката околу новите цени ќе биде соопштена во понеделник на 21.06.2021.