Од утре ќе биде позната новата цена на горивата. Регулаторната комисија за енергетика на својата интернет страна ќе го објави новиот ценовник за нафтените деривати што ќе стапи во сила од понеделник по полноќ.
Инаку, оваа недела дизелот и екстра лесното масло за домаќинство поскапеа за половина денар по литар, додека бензините се продаваат по истите цени како и досега.
Малопродажната цена на еуродизел изнесува 60,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава по цена од 50,50 денари за литар.
Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 не се сменија, односно се продаваат по 66,50 денари, односно 68,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,711 ден по килограм во однос на цената утврдена со Одлуката од 12.08.2019 година и со тоа таа ќе изнесува 31,650 ден за килограм.
Останува утре да видиме дали ќе има зголемување на цената на горивата.