Од денеска, бензинската станица на ОКТА во Автокоманда почнува да работи со гас.
Запазени се сите стандарди и процедури, тимот е обучен и од денеска на оваа бензинска пумпа се полни и метан.
Бензинската станица на ОКТА во Автокоманда е првиот деловен објект во општина Гази Баба кој почнува да работи на гас.
Се очекува и другите комерцијални субјекти да го следат овој успешен пример и да се приклучат на гасоводната мрежа.