вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Пензиите во 2019 во Македонија со најмал раст во историјата

Пензиите во 2019 во Македонија со најмал раст во историјата
фото илустрација

Фондот за пензиско-инвалидско осигурување во својот тукушто објавен извештај за 2019 потврдува дека минатата година имало најмало зголемување на пензиите до сега, односно во последните 13 години за колку што е евиденцијата. Усогласувањето на пензиите било 0,7 отсто на 1 јануари 2019 и 0,4 отсто на 1 јули истата година, што значи вкупно биле усогласени за 1,1 проценти, објавува Фактор.

– Со извршените усогласувања, на пензиите, просечната пензија во декември 2019 изнесуваше 14.602 денари и истата во однос на 2018 година во износ од 14.445 денари е повисока за 1,1 проценти. Зголемувањето е резултат на извршеното редовно усогласување на пензиите во 2019 година, како и на висината на пензиите на новите корисници на пензија, гласи во извештајот на ПИОСМ.

Претходно најмало зголемување имало во 2010 кога тоа било 1,4 отсто. Најголемо е во 2008 кога било 21,66 проценти. Во 2018, односно една година пред изминатата, зголемувањето било 3,52 проценти, а во 2017 било само 1,59. Во 2007, првата година од евиденцијата, било 1,69 отсто. За 5 проценти и повеќе имало раст во 2009, 2013, 2014, 2015 и 2016.

Целиот текст прочитајте го во Фактор