Потпретседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Иван Пешевски беше гостин во вестите на ТВ21 каде најави дека доколку не се прифати предлогот за минимална плата в четврток на седница во Влада ќе има протести низ цела држава.
„Повеќе од сигурно ќе очекувате бидејќи ние немаме назад каде да одиме, толку сме притиснати од луѓето, од членството, работниците да нема што ние да попуштаме или да преговараме за понизок износ. Она што ќе го видите од четврток натаму ќе биде токму тоа – блокирање на фабрики, институции, улици и.т.н“, порача Пешевски во вестите на ТВ21.