петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Помалку издадени одобренија за градење во август

Помалку издадени одобренија за градење во август

Во август годинава се издадени 344 одобренија за градење, што е за 9.0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 7 038 158 илјади денари,
што е за 23.7 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 157 (45.6 %) се наменети за објекти од високоградба, 121 (35.2 %)
за објекти од нискоградба и 66 (19.2 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 344 објекти, на 180 (52.3 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 164 (47.7 %) објекти инвеститори
се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 943 станови, со вкупна корисна површина од 66 791 м2.