недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Поповски со критика кон власта, економијата ја водат кон погрешен правец

Поповски со критика кон власта, економијата ја водат кон погрешен правец

Во вчерашното гостување на 1ТВ Никола Поповски, универзитетски професор и поранешен министер за финансии од редовите на владата предводена од СДСМ ја критикуваше сегашната влада на СДСМ за начинот на водење на економските политики.

Поповски објасни дека прво многу е важно какви цели ќе поставите и какви целни индикатори. Што е целта, целта може да биде погрешна, и вие да сте убедени дека е добра и да мислите дека ги водите задачите на економската политика, инструментите и мерките, да ги расчлениме сега кон зацртаната цел. И можеби да сте успешни во тоа но целта да е погрешно поставена. И тогаш доаѓате за 2-3 години во сериозно отрезнување дека трчате во погрешен правец и ја влошувате состојбата.

При образложување на погрешни цели и задачи во економската политика Поповски посочи пример.

„На пример сега владата, општите цели ги преточува во задачи, побрз развој, повисока стапка на животен стандард, помала невработеност итн. Затоа воспоставува задачи и една од задачите што има воспоставено за подобар раст на Македонија и унапредување на економија е обилна државна помош на приватниот сектор, тоа и е задача. Имате фонд за иновации, имате потпора на градежништвото преку пренатрупани градежни и јавни работи непотребни. После имате ова што е фондот за законот за развој за инвестиции ги помагате, нови вработувања, нови инвестиции. Сега за нив целта е тоа да се оствари и таа задача. Но можеби и задачата е погрешна и сега они ќе речат успеваме но индикаторите покажуваат дека успевате можеби во погрешна насока“ – појасни Поповски.

Поповски дури рече – „Ако ние сакаме функционална пазарна економија тогаш не можеме ние да ја социјализираме економијата со јавни пари. Да ги помагаме инвестициите, вработувањата пренагласено“.