Во јуни 2021 година продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 1,9 отсто на месечно ниво, а за 11,8 проценти на годишно ниво.
Според Државниот завод за статистика, во јуни 2021, во споредба со мај 2021 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 5,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 1,5 и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,4 проценти.
Во јуни 2021, во споредба со јуни 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 34,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 10,1 процент и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 13,1 отсто.