недела, 4. февруари 2024. Вести денес: 0
home Економија

ПОВТОРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ: Од полноќ нови цени на горивата

ПОВТОРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ: Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,99% во однос на одлуката од 3.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек кај бензините за 2,807%, кај дизелот за 3,614%, кај екстра лесното масло за 4,615% и кај мазутот зголемување е за 1,978%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,231%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат.

Од 6.10.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 94,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 50,228 (денари/килограм)