среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Позната причината поради падот на мрежата на Телеком

Позната причината поради падот на мрежата на Телеком

„Корисникот што го баравте го исклучил својот телефон или е надвор од мрежно покривање. Ве молиме обидете се подоцна. Ви благодариме.“

Со оваа порака им започна денот на многу граѓани. Корисниците на мобилната мрежа Телеком немаа можност ниту да добијат ниту да испратат повик или порака. Оние кои успеаа да воспостават повик не можеа да комуницираат со соговорникот. Проблем беше и Интернетот. Многумина не успеаа да ги реализираат приватните или деловните задачи.

Многу граѓани ги рестартираа телефоните, но ниту тоа не го реши нивниот проблем, па во потрага по одговори се упатија во најблискиот салон.

Дека имаа проблем со мрежата потврдија и од Телеком.

Објаснувањето од Телеком за падот на нивната мрежа е дека проблем се оштетените кабли од градежните работници на повеќе места.

На објавата на социјалните мрежи од Телеком во која го објаснуваа проблемот следуваа низа коментари на корисници на мобилната мрежа кои велат дека ова се случува постојано и бараат намалување на цената на услугите.

Извини нема, но намалување на сметките да има.

Не ви е првпат ова, треба и пониска сметка да имаме.

Неколку часа траеше падот на мрежата, а потоа полека се враќаше во нормала. Од Телеком објаснија дека рано утрото биле оштетени главните магистрални оптички кабли на повеќе локации во Кумановскиот и Струмичкиот регион преку кои поминува голем дел од мобилниот сообраќај. Опоменаа дека ќе поведат постапка пред надлежните органи против лицата кои беа причина за проблемот.

извор: telma.com.mk