Регулаторната комисија за енергетика ги утврди новите цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 68,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 23.12.2019 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 63,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,904 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 23.12.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 38,243 ден/кг.