петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Предвидена изградба на 353 станови, во јануари издадени 259 одобренија за градење

Предвидена изградба на 353 станови, во јануари издадени 259 одобренија за градење

Во јануари годинава се издадени 259 одобренија за градење, што е за 30,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија има во Полошкиот регион, каде се издадени 83 одобренија, по што следат Скопскиот, 51, Вардарскиот, 38, Југоисточниот, 29, Источниот, 20, Пелагонискиот, 18, Југозападниот, 16, како и Североисточниот каде се издадени само четири.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 767 024 000 денари, што е за 186 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 154 (59,4 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 24 (9,3 проценти) од нискоградба и 81 (31,1 процент) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 259 објекти, на 171 (66 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 88 (34 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 353 станови, со вкупна корисна површина од 33 312 метри квадратни. Притоа, повеќе од половина се во Скопје, 194, од кои 98 во Кисела Вода,44 во Чаир, 30во петровец. Стои и осум станови се планирани во Полошкиот регион, односно 41 во Гостивар, по 26 во Тетово и во Теарце, девет во Желино…