Здружение на оштетени штедачи на Еуростандард Банка денеска пред Нардона банка одржаа прес конференција.
Тие истакнаа дека на 12 август, пропаѓањето на Еуростандард Банка ги остави без лични парични средства.
-Верувавме во систем кој не заштитува, ги доверивме нашите тешко заработени средства во финансиска институција регулирана и контролирана од државата. Сите знаеме дека основата на нашиот банкарски систем се депозитите на штедачите, како домашни така и оние на наши сограѓани со работа во странство. За жал години наназад а еве и сега токму таа основа на банкарскиот систем, односно штедачите се доведени да останат без своите тешко спечелени средства. Деновиве слушаме изјави од Народна банка, како една од највисоките државни институции кои се издига високо над банкарскиот систем, еве позади нас, како тој истиот систем е стабилен дека останатите банки се во одлична состојба. Сепак, до нашето здружение секојдневно пристигнуваат пораки со прашања на штедачи што да прават со своите заштеди? Одговорот на тоа прашање за жал ние како паталци не можеме да го дадеме, велат од здружението.
Во продолжение може да го погледнете видеото од целосната изјава од Здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.