петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

„Претприемач на годината 2019“

„Претприемач на годината 2019“

Во организација на Сојузот на стопански комори (ССК), Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ), денеска ќе биде доделена наградата „Претприемач на годината 2019“.

Манифестацијата се одржува 13-та година по ред, а наградите се наменети за успешните претприемачи од микро и малите претпријатија. Коорганизатор е Националниот центар за развој на иновациите и претприемачкото учење (НЦРИПУ), а институционален покровител Министерството за економија.