Проф. д-р Константин Димитров, претседател на Центарот за енергетска ефикасност на Македонија, за ВЕЧЕР вели дека изјавите на власта се контрадикторни и оти нема логика цената на струјата да се намали.
– Секој разумен човек ќе сфати дека тоа е само фалење. Неможе во услови кога цената на струјата на берзите расте, а ние купуваме струја да очекуваме намалување на цената на струјата. Може да се намали неколку месеци, но за тоа Владата многу ќе се задолжи. Зимаат кредити му ги даваат на АД ЕСМ за да купува струја, изјави Димитров.