недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Прометот од продажба на услуги зголемен за 7,1 отсто во третиот квартал

Прометот од продажба на услуги зголемен за 7,1 отсто во третиот квартал

Прометот од продажбата на услугите во третиот квартал годинава покажува зголемување во однос на истото ланско тримесечје за 7,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Во третиот квартал од годинава во однос на истото тримесечје од минатата година, зголемување се јавува во поголем дел од одделите, а најголемо е во одделот Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и станати резервациски услуги, како и дејности поврзани со нив и изнесува 45,4 проценти. Следи одделот Објекти за сместување, во кој зголемувањето изнесува 36,5 проценти и одделот Дејности за подготовка на оброци и служење храна, со 30,3 проценти.