понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Просечната камата на вкупните кредити во октомври 4,40%, на депозитите 0,74%

Просечната камата на вкупните кредити во октомври 4,40%, на депозитите 0,74%

Во октомври годинава просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,05 п.п. и изнесувала 4,40%. На годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,05 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, изнесува 0,74% и оствари месечно зголемување од 0,04 п.п., додека на годишно ниво бележи пад од 0,03 п.п., соопшти Народната банка.

– Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити, во октомври е 4,44%, што претставува месечно и годишно зголемување од 0,35 п.п. и 0,50 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити, пак, изнесува 1,50% и е повисока за 0,43 п.п. и 0,71 п.п., соодветно на месечна и на годишна основа.

Во корпоративниот сектор, во октомври просечната каматна стапка на вкупните кредити бележи месечно зголемување од 0,12 п.п. и изнесува 3,71%. Промената на месечно ниво се должи на повисоките каматни стапки на кредитите во странска валута и каматните стапки на кредитите во денари со валутна клаузула (за 0,28 п.п. и 0,20 п.п., соодветно), при минимален раст и на каматните стапки на кредитите во денари без валутна клаузула (за 0,01 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,16 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор во октомври оствари раст од 0,64 п.п. во однос на претходниот месец и изнесува 4,36%. Нагорната промена е резултат на зголемувањето кај сите компоненти: каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,58 п.п. и 0,54 п.п., соодветно), во услови на месечен раст и на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,20 п.п.). Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи годишен раст од 0,97 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во октомври се зголеми за 0,15 п.п. на месечно ниво и изнесува 1,26%. Месечното зголемување произлегува од повисоките каматни стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула (за 0,40 п.п. и 0,21 п.п., соодветно), при мал раст и на каматните стапки на депозитите во странска валута (од 0,01 п.п.). Оваа каматна стапка на годишно ниво забележа раст од 0,21 п.п.

Каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор изнесува 1,66%, што претставува месечен раст од 0,58 п.п. Од аспект на валутната структура месечната промена е резултат на зголемувањето на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и на каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,71 п.п. и 0,07 п.п., соодветно). Истовремено, каматната стапка
на денарските депозити со валутна клаузула изнесува 0,66%, за разлика од претходниот месец кога банките и штедилниците не примиле депозити од овој вид. Во споредба со истиот месец минатата година, каматната стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор оствари зголемување од 1,13 п.п.

Кај домаќинствата каматната стапка на вкупните кредити во октомври забележа месечно намалување од 0,02 п.п. и изнесува 5,03%. Надолната промена произлегува од падот на сите компоненти: каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,02 п.п.) и денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,01 п.п., соодветно). Оваа каматна стапка е намалена за 0,20 п.п. на годишна основа.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата изнесува 4,58% и е намалена за 0,07 п.п., во споредба со претходниот месец. Месечното намалување произлегува од падот на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,10 п.п. и 0,09 п.п. соодветно),
во услови на раст на каматните стапки на кредитите во странска валута (за 0,10 п.п.). На годишна основа, просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата бележи раст од 0,04 п.п.

Kаматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата, во октомври бележи месечен раст од 0,03 п.п. и изнесува 0,70%. Зголемувањето е резултат на растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,04 п.п. и 0,02 п.п.,соодветно), додека овој месец не е забележана промена на каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула. Оваа каматна стапка на годишно ниво е намалена за 0,03 п.п.

‒ Во октомври, каматната стапка на новопримените депозити на домаќинствата е зголемена за 0,38 п.п. на месечно ниво и изнесува 1,45%. Промената се објаснува со растот на каматните стапки на денарските депозити без валутна клаузула и каматните стапки на депозитите во странска валута (за 0,36 п.п. и 0,32 п.п., соодветно). Кај банките и штедилниците не се евидентирани новопримени денарски депозити со валутна клаузула. Во однос на октомври 2021 година, оваа каматна стапка се зголеми за 0,52 п.п., соопшти НБ.