Народниот правобранител Насер Зибери денеска ќе има работен состанок со претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски.
Тема на состанокот ќе биде иницијативата на канцеларијата на Народниот правобранител за менување на регулативата која се однесува на отчитувањето на броилата за електрична енергија (струјомерите), односно измени во досегашната пракса.
-Конкретно, иницијативата е во насока на навремено и континуирано отчитување на состојбата на броилата за потрошена електрична енергија, со цел граѓаните-потрошувачи да се обврзуваат за плаќање на износ за електрична енергија којашто реално ја потрошиле, информираат од кабинетот на Зибери за поводот за средбата, по која се предвидени изјави за медиумите