Дводневна работилница на тема „Чувствителните информации во областа на бизнисот, банкарството и ревизијата – правни решенија и практики“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации со поддршка на TAIEX инструментот на Европската комисија.
Целта е да се добијат компаративни сознанија и да се разменат искуства за третманот на класифицираните и чувствителни информации од сферата на бизнисот, банкарството и ревизијата.
Најавено е обраќање на директорот на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации Стојан Славески, а предавачи ќе бидат експерти од неколку држави од Европската унија.
На работилницата се очекува да присуствуваат претставници од државните институции, ревизорските тела, банките, компаниите од приватниот сектор, невладините организации, како и од институциите од безбедносниот сектор