Во 2016 година во Република Македонија за девет проценти повеќе се платени даноци поврзани со животната средина, објави Државниот завод за статистика.
Според објавените податоци, износот на платените даноци е 11. 175.7 милиони денари. Најголемо учество во даноците поврзани со животната средина имаат даноците за енергенти 64,5 отсто, по што следат даноците за транспорт со 34,6 отсто и даноците за загадување и даноците за природни ресурси поврзани со искористувањето на природните ресурси вода, шуми, дива флора и фауна со 0,9 отсто.
Во 2016 година, даноците составувале околу 1,9 отсто од бруто-домашниот производ, што е за 0,1 отсто повеќе отколку во 2015 година.