четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

РЕК Битола од утрово не произведува струја, двата блока се во прекин

РЕК Битола од утрово не произведува струја, двата блока се во прекин

Од утринава РЕК Битола не произведува електрична енергија. Двата блока на РЕК Битола се во прекин и во моментов најголемиот енергетски капацитет не произведува струја.

Од ЕСМ за Курир информираат дека наскоро ќе излезат со соопштение во врска со случајот.

Доколку РЕК не произведува струја, Македонија презема електрична енергија од преносната мрежа за што веќе доби неколку опомени од Европската енергетска заедница. Струја се увезувала струја и викендов, цената на пазарот надминала 200 евра за мегават час.

Во РЕК Битола пред два дена избувна пожар кој направи сериозни оштетувања на трансформаторот на блок 3.