четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

РЕК Битола: Планско исклучување со цел санација, до вечер се очекува враќање на блокот

РЕК Битола: Планско исклучување со цел санација, до вечер се очекува враќање на блокот

Заради дефект во котелот на Блок 1 за кој не постоеше никаква можност да биде саниран додека постројката е во функција, синоќа во 3 часот Блок 1 е исклучен од електроенергетската мрежа на државата, информираат од РЕК Битола.

Во соопштението се наведува дека станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката.

-Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа. Се работи и на оспособување на Блок 2 кој беше во ремонт и се очекува и оваа постројка да биде на мрежа до крајот на неделава. Во меѓувреме АД ЕСМ ги задоволува потребите од останатите капацитети, како и со набавена електрична енергија, како резерва при вакви куси испади, стои во соопштението од РЕК Битола.