Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за денеска најави информација за цените на топлинската енергија.
Воедно на три подготвителни седници РКЕ треба да донесе предлог одлуки за одобрување регулиран максимален приход и тарифни ставови на Балкан енерџи (производство, дистрибуција и снабдување со топлина) како и за Друштво за снабдување со пареа и топла вода СКОПЈЕ СЕВЕР АД – Скопје и АД ЕЛЕКТРАНИ НА МАКЕДОНИЈА Скопје – Подружница Енергетика Скопје.
Со одлука на РКЕ од први месецов за 0,1 процент беше намалена цената на електричната енергија.