Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска на подготвителна седница ќе разгледува неколку решенија за утврдување тарифи на водни услуги на општини со помалку од 10.000 жители за регулираниот период од 2019-2021 година.
На денешната седница треба да бидат утврдени тарифите за снабдување со вода за пиење или водоснабдување, како и за собирање и одведување на урбани отпадни води на ЈПКД „Тополка“ Чашка, ЈПКД „Росоман“ Росоман, ЈП „Водовод и канализација“ Македонски Брод ЈП „Пелагонија“ Кривогаштани, ЈКП „Комуналец“ Пехчево, ЈКП „Комуналец“ Демир Хисар, ЈКП „Пела хигиена“ Могила и ЈПКД „Дебрца“ Дебрца.