недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

РКЕ утре ќе одлучува за цените на горивата

РКЕ утре ќе одлучува за цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува за цените на нафтените деривати.

Во петокот, РКЕ ја донесе последната одлука за цените на горивата со која дизелот поевтини за два денари, а цените на бензините останаа непроменети.

Цените на горивата согласно новата одлука која Регулаторна ќе ја донесе утре, ќе важат од вторник на полноќ.

Ова се актуелните цени на нафтените деривати:

– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 83,50 (денари/литар)
– Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 85,50 (денари/литар)
– Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 83,50 (денари/литар)
– Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 79,50 (денари/литар)
– Мазут М-1 НС – 56,130 (денари/килограм)