понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Економија

СДСМ го задржа ниското ниво на капитални инвестиции: Уште една лоша година во економијата

СДСМ го задржа ниското ниво на капитални инвестиции: Уште една лоша година во економијата

Капиталните расходи во Буџетот за 2019 година се реализирани 78% во однос на проекцијата. Во апсолутен износ капиталните изнесуваат 17,8 милијарди денари, што е за 5,7 милијарди повеќе во однос на 2018 година или за 46,6% повеќе, рече министерката за финансии Нина Ангеловска презентирајќи ги првичните податоци за реализација на Буџетот за 2019 година.

Како што беше посочено, реализацијата на капиталните расходи во декември била исклучително добра со реализација на 6,7 милијарди денари капитални расходи.

-Ќе истакнам дека треба да продолжиме да работиме на подобрување на реализацијата на капиталните расходи. Еден од начините на кој може да се делува е фискалната транспарентност. Кога ја објавивме алатката за Капитални расходи со кои на располагање и ја ставивме на јавноста реализацијата по буџетски корисници веднаш потоа имавме подобра реализација скоро кај сите буџетски корисници. Понатаму, при планирањето на овогодишниот буџет, при утврдувањето  на сумите кај капиталните проекти го земавме предвид и поведението на буџетските корисници, односно претходната реализација на капитални проекти. На долг рок подобра реализација на капиталните расходи ќе обезбедиме преку подобрување на среднорочното планирање на буџетот, како и преку воведување на интегриран систем за управување со јавните финансии предвидени со новиот закон за буџети, рече Ангеловска.

Вистината е дека не се реализирани 78% заклучно со декември, туку без ребалансот на буџетот оваа сума не е ниту 70%.

СДСМ го задржа ниското ниво на капитални инвестиции, а 2019-та беше уште една лоша година во економијата

Процентот на реализирани капитални инвестиции изнесува точно 68%, што е далеку од бројката која министерката ја пласира во јавност.

Министерката вели дека во декември се потрошени 6,7 милијарди денари за капитални расходи. Меѓу другото, овде се наведува и откупувањето на акциите на Макпетрол од националниот гасовод ГА-МА. Станува збор за сума од 32 милиони евра.

Премиерот Заев уште во месец септември ја потврди дека има постапка и ја откри сумата.

Заев тогаш информираше дека постапката на договарање со „Макпетрол“ сѐ уште трае, но правно постапките во Државно правобранителство биле завршени, и се прават проценки со судско вештачење.

-Вредноста на „ГА-МА“ и колку се инвестирало е јасно утврдено со законско решение. Сметам дека можеме случајот да го решиме на крајот на годината и затоа во ребалансот утврдивме 1 милијарда и 900 милиони денари (околу 32 милиони евра) за исплата, рече Заев и додаде дека на тој начин државата ќе стане 100 отсто сопственик на целиот гасоводен систем.

„Макпетрол“ и државата водеа спор за тоа кој има поголем удел во гасоводот, повеќе од 12 години. Но пред неколку месеци, компанијата побара вонсудско решавање на деценискиот спор, а предлог-спогодбата државата ја имаше доставено до Државното правобранителство.