четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Се очекува денеска да почне испораката на српски зејтин во земјава

Се очекува денеска да почне испораката на српски зејтин во земјава

Денеска би требало да почне организацијата за товарење и испорака на српски зејтин во земјава, информираат за МИА од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Србија во петокот ја донесе одлуката за извоз на масло за јадење во Северна Македонија. Како што соопшти тогаш министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски се работи за два милиони литри зејтин.

Според него, овие количини се за потребите од еден месец, но доколку се процени дека има потреба, можно е да се реализира дополнителен увоз.

-Можно е доколку има потреба да се донесе одлука за увоз на дополнителни количини. Состојбите се следат, а комуникацијата со српските власти е континуирана, рече министерот.