вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Економија

Славески за растот на цените: Во договор со производителите во 2008 година не дозволивме раст на цените, само така се штити стандардот на граѓаните

Славески за растот на цените: Во договор со производителите во 2008 година не дозволивме раст на цените, само така се штити стандардот на граѓаните

Носителот на листа за советници на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески на митингот во општина Центар истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се покачат цените на прехрамбените производи и во дијалог со производителите ќе го заштитат стандардот на граѓаните.

– Слушаме деновиве а тоа и го чувствуваме по нашите буџети и по нашите џебови се најавува зголемување на цените на храната до крајот на годината за 50 проценти. Невешто се негира ова. Слушаме од министерот за економија дека ќе замрзнувале цени на некои производи, каде живееме, ние повозрасните знаеме дека ако на пекарот му ја ограничите цената на лебот на 20 денари а трошоците кои што растат му се 30 денари за леб ќе нема леб. Ќе има редици пред продавниците за леб, за млеко. ние не сакаме и нема тоа да го дозволиме а знаеме како. Јас се сеќавам иста или слична ситуација имавме далечната 2007/ 2008 година, кога имаше пораст на цените на храната и енергијата на светските берзи но што се случи, имавме само мали турболенции но цените не се покачија затоа што знаевме како во дијалог со производителите да го заштитиме стандардот на грашаните, истакна Славевски.