понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Славевски: Владата на Заев и СДСМ беа фокусирани на други прашања, а економијата ја оставија на автопилот

Славевски: Владата на Заев и СДСМ беа фокусирани на други прашања, а економијата ја оставија на автопилот

Ако сакаме да бидеме прецизни треба да збориме за економските перфоманси на оваа Влада само за 2019 година, за годината што е зад нас. Затоа што и по сопственото признание тие немаа со што да се пофалат ни за 2018-та и 2017-та година. Самите си признаа дека се фокусиранини на други прашања, а не на економијата. Со други зборови и да ја оставија економијата без Влада, таа би си дејствувала на автопилот.

Ова го изјави професорот Трајко Славевски во емисијата „24 анализа” на 24 Вести на тема “Што се случи во економијата за време на владеењето на СДСМ и што ќе се понуди ново”.

-Испорачаа стапка на раст некаде 2.5 проценти. За 2019 година конечните показатели се некаде околу 3 проценти што е далеку под македонските економски потенцијали. Според сите пресметки на меѓународните и домашните експерти, македонската економија вака како што е веќе застарена структура, може да испорача раст од 4 проценти и можеби и повеќе во услови на коњуктура кај нашите партнери каде што го остварувавме нашиот извоз. Она што е факт и што ќе остане запишано во поновата економска историја, владата на Заев и СДСМ не го искористи овој таканаречен златен период последниве три четири години на голем подем на светската економија, која што веќе гледаме малаксува, а со Корона вирусот и којзнае што може да се очекува во иднина. Значи стапка на раст од 3 отсто е ништо, рече Славевски.