сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Србија: Купени 30.548 недвижнини во вториот квартал годинава

Србија: Купени 30.548 недвижнини во вториот квартал годинава

Пазарот на недвижнини во Србија вртоглаво расте. Иако просечниот метар квадратен стан во нова зграда во Белград е за 700 евра поскап од 2019 година побарувачката не стивнува.

„Иако цените вртоглаво растат, во вториот квартал во Србија се купени 30.548 недвижен имот.Пазарот на недвижности во Србија покажува отпорност на економските притисоци и четврта година по ред остварува значителен раст.Вкупната вредност на пазарот на недвижности минатата година изнесуваше 7,5 милијарди евра, што е за 22 отсто повеќе од 2021 година.“ изјави министерот за трговија Томислав Момировиќ.

Според податоците на Републичкиот завод за статистика, потрошени се 1,6 милијарди евра за купување недвижен имот во првиот квартал годинава,вкупниот број на продажби во истиот период лани изнесувал 29.275 што е зголемување за 2,6 отсто во однос на истиот период минатата година.

Во вториот квартал годинава се купени 30.548 имоти и потрошени 1,7 милијарди евра, а најголем удел, 58 отсто, имаат становите.