Предлог-мерки за поуспешна туристичка сезона во 2021 година, ќе соопшти денеска на онлајн прес-конференција Стопанската комора на Македонија.
Преку Здружението на угостителството и туризмот ќе бидат пренесени ставовите и иницијативите на членките за поголем проток на странски туристи кои имаат значаен придонес во нето девизниот ефект во државата, како и за раздвижување на секторот и на сите пропратни стопански гранки кои индиректно зависат од функционалноста на туризмот и угостителството.
Минатата недела Државниот завод за статистика ги објави податоците за првите девет месеци од годинава, според кои, вкупниот број на туристите е намален за 60,4 отсто, а на странските гости за 83,8 проценти. (МИА)