четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Тајванската корпорација „Јагео“ влегува во Македонија – отворање нови 3.900 работни места и инвестиција над 200 милиони евра

Тајванската корпорација „Јагео“ влегува во Македонија – отворање нови 3.900 работни места и инвестиција над 200 милиони евра

Отворање на 3. 900 работни места и вкупна инвестиција од 205 милиони евра за десет години, предвидува досега најголемиот инвестициски договор што денеска во Тајпеј го потпишаа директорот на Дирекцијата за технилошко – индустиски развојни зони, Јован Деспотовски и првите луѓе на тајванската корпорација “Јагео“, Позитивните искуства од Кемет електроникс, која во 2020 беше купена, а лани и официјално преземена од групацијата Јагео, биле е дна од причините Македонија да биде избрана како инвестициска дестинација меѓу неколку земји во регионот, рече главниот извршен директор на Јагео, Дејвид Ванг.

Направивме многу истражувања, но главната причина за нас да ја донесеме конечната одлукакако групација беше 10 годишното искуство исто така и позитивниот однос и поддршка на Владата. Тоа се двата најважни фактори за нас, стабилноста на државата и квалитетната работна сила „ Два производствени капцитети ќе се градат во Скопје , првиот во јули догодина, а потоа во втора фаза и во Штип, изјави Дејвид Ванг, главен изврешн директор на “Јагео“.

„Јагео“ планира производство на резервни делови и компоненти за електрични возила , како и софистицирана опрема за зелени технологии, но и развојни и истражувачки проекти во соработка со македонските универзитети. Или се заедно – според директорот на ТИРЗ – најголема гринфилд инвестиција во технологии на 21 век.

Македонија станува дел од светската мапа. Потпишувањето на договорот во видео обраќањ го поздрави и Со над 40 000 вработени, тајванската корпорација Јагео е еден од нејголемите снабдувачи со делови и електроника за автомобилксата индустрија , електронски компоненти за новите зелени технологии, 5Г телекомуникации, медицината, одбраната. На три континети има 49 производни капцитети и 20 центри за истражување и развој, изјави Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.