Пазарите во Европа се отворија по коронакризата, по што македонските текстилни компанија бележат зголемени нарачки од странските партнери. Ангел Димитров менаџер на фабриката „Мода“ во Свети Николе и член на Организацијата на работодавачи вели дека дел од странските компании производството на текстил во моментов сакаат да го преселат од Украина или некои други земји. Посочи дека барањата на странските компании се толку големи што во моментов тешко може и да се задоволат, од причина што лани во текстилниот сектор е намален и бројот на вработени.
-Сега се повеќе се бараат текстилните производи, но доаѓа проблемот со порастотот на цените на енргенсите, електрична енергија, што ја плаќаме на слободен пазар, која е четири пати поскапа, него таа што ја плаќавме лани, исто и храната се покачи, ние даваме храна на работниците и тоа се се зголеми. Прашањето е колку нашите партнери можат да ги покачат нашите услуги, цени за да ние ги покриеми тие трошоци. Не е работа само да работите, ако создавате само загуба една или две години, после тоа не можете да функционираате, вели Димитров.
Компаниите се соочуваат со проблем тоа што работниците им се на возраст од над 45 години, а младите не се зиантересирани да работат во овој сектор, тоа се гледа и во бројот на запишани ученици во стручните училишта. Зголемени се трошоците за струја и енергенси, во компанијата на Димитров последната сметка за струја е 15.000 евра.Македонските текстилни компании од партнерите бараат повисоки цени на производите кои ги шијат, но ова зголемување не го следи растот на трошоците. Анализите колку ќе влијае зголемувањето на минималната плата во текстилниот и кожарскиот сектор ќе се прават кон крајот на месецов, кога ќе се спремаат мартовските плати за исплата на работниците.