ТТК Банка ќе изврши исплата на годишната камата по каматна стапка од 2,7 % на годишно ниво на имателите на Корпоративна обврзница – втора емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.
Исплатата на камата ќе се изврши на 14.02.2022 година.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2022 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 10 и 11 февруари 2022 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 362 и 363 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 14 и 15 февруари 2022 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 15 февруари 2022 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата.