петок, 8. декември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Уште едно поскапување на грбот на граѓаните: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Уште едно поскапување на грбот на граѓаните: Ова се новите цени на горивата во Македонија

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари за литар, а цената на дизелот се зголемува за три денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 88,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 90,5, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 90 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,5 денари за литар, и ќе изнесува 87,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,3 денари за килограм се  зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и сега ќе се продава за 53,6 денари.