понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Вклучен алармот: Јавниот долг отиде над 5 милијарди евра, а државниот над четири

Вклучен алармот: Јавниот долг отиде над 5 милијарди евра, а државниот над четири

Веќе подолго време низ медиумите се пишува за големите задолжувања кои Владата на Република Македонија ги прави. Министерството за финансии денеска ги објави податоците за државниот и јавниот долг за првото тримесечје од ваа година, заклучно со март 2018 година.

Бројките може да се каже дека алармантни. Државниот долг надмина сума од четири милијарди евра, додека пак јавниот долг надмина сума од пет милијарди евра.

Државниот долг на крајот на 2017 година бил 3,95 милијарди евра, додека пак во првиот квартал од оваа година тој пораснал на 4,27 милијарди евра. Јавниот долг пак од 4,78 милијарди, пораснал на 5,08 милијарди евра.

-На крајот од првото тримесечје државниот долг изнесува 39,7% од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 47,2% од БДП. Споредено со крајот на 2017 година, државниот долг е повисок за 0,3 процентни поени, додека јавниот долг е понизок за 0,3 процентни поени, велат од Министерството за финансии.

Инаку, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште пред една објави кажа дека државниот долг на државата е доста повисок од она што граѓаните мислеа.

-Имено вкупната состојба на јавниот долг изнесува 4 милијарди 786 милиони и 900 илјади евра, додека пак вкупната состојба на државниот долг изнесува 3 милијарди 958 милиони и 500 илјади евра. На следниот слајд овие бројки се кажани и споредени со БДП повторно извор ни е веб страницата на министерството за финансии, пресечна дата 21 април 2018 година. Лесно може да се забележи дека бројката која што е објавена а изнесува јавен долг во Република Македонија е 46,7% од БДП, односно бројката која што е објавена а се однесува на државниот долг е 38,7% од  БДП во Република Македонија. Станува збор за две различни бројки кои што понатаму реферираат и две различни вредност на БДП, а тоа веќе може да се види на следниот слајд кој што ќе биде прикажан во продолжение. Имено кога вкупниот јавен долг ќе се подели со процентот ќе се добие вредност на БДП од 10 милијарди и 250 милиони евра. Додека пак доколку бројката на државниот долг се подели со процентот ќе добиеме различна вредност на БДП, а би требало да добиеме иста т.е. 10 милијарди 228 милиони евра. Разликата е 22 милиони евра, но ова се однесува на она што било претпоставено проектиран раст на БДП од страна на Министерството за финансии, нагласи Мицкоски на 23 април.