понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Економија

Владата барала од МЕПСО да се задолжува кај приватни банки

Владата барала од МЕПСО да се задолжува кај приватни банки

Владата на седницата му препорачала на операторот на електропреносен систем МЕПСО да се обрати до деловните банки и од нив да бара кредити за одржување на ликвидноста во текот на годината додека трае енергетската криза, пишува Фактор.

„Се препорачува на органите на управување на АД МЕПСО – Скопје во однос на финансирањето и обезбедувањето на ликвидност на Друштвото во текот на годината да се обратат до комерцијалните банки со цел економично финансирање на потребите во текот на 2022 година“, се вели во заклучокот по одржаната седница на 10 февруари.

Директорот на МЕПСО, Орхан Муртезани, вели дека ваква препорака добил МЕПСО откако побарал финансиска помош, но и дека од нивна страна бил испратен негативен одговор до Владата.

– Ние бевме тие кои побараа помош, а испративме одговор дека не можеме да бараме кредити кај приватните банки затоа што веќе сме задолжени кај меѓународните кредитори за инвестиции. Одговоривме дека единствено Владата може финансиски да помогне, вели Муртезани.