ЕВН шест мeсеци нема да ги плаќа сметките кон државната ЕСМ. Откако ЕВН се пожали дека има проблем со плаќањето на декемвриската и јануарската сметка за струјата што ја набавиле од државните електрани, Владата го задолжи ЕСМ да склучи Анекс договор според кој факрурите за 12 2021 и 01 2022 ќе досепат до 01 јули година.
Дупката пак која ќе се јави во касата на ЕСМ заради неплаќањето на ЕВН, ќе ја затвори Владата. За таа цел на денешната седница одобрени се над 47 милиони евра за електрани за справување со енергетската криза.
– Со оваа одлука се задолжува ЕСМ АД овие средства да ги искористи за реализација на мерките за обезбедување дополнителни количини на електрична енергија, соопшти владината прес-служба.
Претходно ЕВН се пожали дека се наоѓаат на граница на ликвидност и дека трошоците им се поголеми од приходите кои ги остваруваат. Или како што велат од компанијата доведени се во ситуација да ги субвенционираат корисниците и со тоа креираат големи загуби.
Освен ЕВН, со високи сметки за струја се соочуваат и граѓаните кои веќе почнаа да ги добиваат новите фактури зголемени за 9,5%. Покрај повисока цена, домаќинствата немаат ни евтина дневна струја од Нова година.