вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Владата ќе обезбедува дополнителни количини на електрична енергија

Владата ќе обезбедува дополнителни количини на електрична енергија

На својата Фејсбук страница, Владата објави дека ги донесе Одлуките за измена на распоредот на средствата во посебниот дел утврден со Буџетот и за одобрување на тие средства од Буџетот на Република Македонија за 2021 година за реализација на мерките за справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

– Одлуките се донесени за реализација на мерките за обезбедување на дополнителни количини на електрична енергија, заради справување со кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, стои во објавата.

Дополнително, Владата ги задолжи сите институции во надлежност на извршната власт од сопствените буџетски сметки и програми предвидени за набавка на електрична енергија, веднаш да ги исплатат долговите кон добавувачите на струја и одобри да се изврши пренамена на средства од други буџетски ставки каде што има неискористени средства за исплата на долговите за кон добавувачите на електрична енергија.

– Овие одлуки, како и препораките до институциите на локалната самоуправа, до Собранието и до Канцеларијата на Претседателот на државата, имаат за цел да го помогнат снабдувањето со електрична енергија кое се остварува преку комерцијалните добавувачи, велат од Владата.