Вчера Владата предизборно се задолжи за нови 130 милиони евра. Имено ова не е прво задолжување оваа година туку едно од низата предвидени за 2019-та. Така од почетокот на годината за неполни три месеци Владата и Министерството за финансии ги задолжи граѓаните за огромни 213 милиони евра.
Според официјалните податоци на Народна Банка на Република Македонија задолжувањата по основ на државни записи изнесуваат 9.700.010.000 односно 157 милиони евра додека по основ на државни обврзници 3.440.190.000 или 56 милиони евра односно вкупно 13.140.200.000 денари или 213 милиони евра до 06.03.2019 додека предвидени се и нови.
Економистите велат дека ваквите задолжувања кои не резултираат со капитални проекти кои се од стратешка важност за државата и имаат долгорочен позитивен ефект на економијата се загрижувачки. Имено, познавачите велат дека и онака кревката македонска економија не може да си дозволи да се задолжува енормно додека нема никаков повратен ефект од тие средства.
Јавниот долг исто така ја надмина психолошката граница од 50 % што е алармантно коментираат познавачите. Инаку, Владата пред да дојде на власт беше против задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг.