Оваа Влада го губи кредибилитетот уште пред да почне со работа!
Едно од првите ветувања на Ковачевски беше зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Сега после неколку денови од неговото владеење сме сведоци на ретерирање од таквото ветување.
Тоа го потврдува несериозност пристап, популизмот и немањето кредибилитет што беше главна особина на Заев и неговата Влада.
Да се потцетиме на носењето на прогресивното оданочување и ветувањето за враќање на средната класа. После штетите што беа направени истиот закон за неколку месеци беше повлечен, а наместо средна класа денес имаме поголема сиромаштија.
Наместо 500 евра просечна плата, денес сме сведоци на намалена куповна моќ на граѓаните.
Што би рекле: “Се’ е исто, само него го нема”! Истите луѓе, истите политики, истиот пристап, само посиромашни граѓани.