недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го доведе ЕЛЕМ до банкрот, заради тоа се увезува 7-8 пати поскапа струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го доведе ЕЛЕМ до банкрот, заради тоа се увезува 7-8 пати поскапа струја

НЕ ПРЕСТАНУВААТ СКАНДАЛИТЕ НА ШАМПИОНИТЕ ЗА ЕНЕРГЕТИКА, обвинуваат од Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува нивното соопштение:

Додека во јавноста е сẻ уште актуелен скандалот со картелот Заев – Анѓушев, преку нарачаната физибилити студија кај консултантите Александар Дединец и Дарко Јаневски, за да се дограбат до земјиштето на ТЕЦ Осломеј и новата фотонапонска централа на таа територија (сторија која ја објави ИРЛ), следува нов бисер од страна на Претседателот на РКЕ. Во синоќешното гостување на 24 вести истакна дека тој ќе се погрижел да го санкционира неферското однесување на дел од општините кои само се обидуваат да го преживеат цунамито од проблеми што им го создаде токму оваа Влада и Законот за енергетика за чие донесување најголем поборник беше Анѓушев со својот тим (меѓу кои беше и истиот овој лик Бислимоски).

Во моментов општините се сардисани во долгови од превисоките сметки за електрична енергија. Им се топат буџетите предвидени за инфраструктирни проекти, само за да ги подмират сметките за електрична енергија. Владата на СДС и ДУИ не мрдна со мал прст за да им помогне, па општините почнаа да изнаоѓаат законски решенија за да си ги намалат трошоците. Арно ама тоа му посметало на Бислимоски во „кроењето“ на новата цена на струјата во јули, оти не ќе може да спроведе гол популизам демек ги штити граѓаните од превисоки сметки за струја.

МУ НАПОМЕНУВАМЕ ЗА ДА ЗНАЕ ДЕКА СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА СЕ ПРЕВИСОКИ ПОРАДИ КРАДЕЊЕТО ВО ЕЛЕМ, НЕМАЊЕТО ДОМАШНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА И ПРАЗНЕЊЕТО НА БУЏЕТОТ ПОРАДИ ДИРЕКТНО ИНФИЛТРИРАЊЕ НА ПАРИ ОД БУЏЕТОТ ВО ЕЛЕМ. Додека секаде во светот компаниите што произведуваат електрична енергија сега заработуваат најмногу, единствено нашата државна компанија за производство на електрична енергија (ЕЛЕМ) е загубар, бидејќи наместо да се копаше јаглен за домашно производство на струја, се правеа шеми од страна на раководоството на ЕЛЕМ за испумпување на пари од компанијата за фиктивни ископи на јаглен. Во исто време пак Владата се расфлаше со нашите пари од Буџетот за разни стратегии и физибилити студии од кои видовме што се изроди: прогласена електроенергетска криза во траење од шест месеци за да може да се увезува скапа струја од берзите, додека ЕЛЕМ е пред банкрот. Е тоа не е проблем за Бислимоски, што ЕЛЕМ го доведоа пред банкрот и што немаме домашни производство на струја, туку мора да увезуваме струја со по 7-8 пати повисока цена од онаа производната на ЕЛЕМ. За Бислимоски било проблем што дел од општините формирале нови јавни претпријатија кои ги исполнуваат условите од Законот за енергетика (на Анѓушев и Бислимоски) да бидат мали потрошувачи, па сега наместо да купуваат скапа од струја од снабдувачите на слободниот пазар, се снабдуваат од ЕВН ХОМЕ по регулирана цена.

Е ова се искривените вредности на СДС и ДУИ! Секој градоначалник кој се бори да заштеди во својата општина и да го преживее цунамито наречено енрегетска криза, Бислимоски ќе дал налог да се санкционира.

За санкции се следните ликови кои не доведоа во оваа состојба на питачи: Заев, Анѓушев, Бетиќи, Бектеши, Ковачевски, Бислимоски, Дединец, Андонов и уште многу други ликови и енергетски полтрони, кои за личен профит ја уништија енергетиката на Македонија во целост.