Во април годинава се издадени 330 одобренија за градење, што е за 2,1 процент помалку во однос на април лани, објави Државниот завод за статистика.
Најмногу одобренија за градење се издадени во Југоисточниот регион – 75, по што следуваат Источниот сo 71, Полошкиот 69, Скопскиот 41,…
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 841 858 000 денари, што е за 25 проценти повеќе во однос на април претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 145 (43,9 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 119 (36,1 процент) од нискоградба и 66 (20 проценти) за објекти за реконструкција.
На 161 од објектите (48,8 проценти), како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 169 (51,2 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 393 станови, со вкупна корисна површина од 37 887 метри квадратни.