вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Во јуни годинава издадени 242 одобренија за градење

Во јуни годинава издадени 242 одобренија за градење

Во јуни годинава се издадени 242 одобренија за градење со кои е предвидена изградба на 530 станови со вкупна корисна површина од 44.252 квадратни метри, што е за 12,6 отсто помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија за градење изнесува 5,107 милијарди денари, што, пак, е за 38,4 отсто повеќе во однос на јуни 2022 година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 115, односно 47,5 отсто се наменети за објекти од високоградба, 66 или 27,3 отсто за објекти од нискоградба и 61, односно 25,2 отсто за објекти за реконструкција. Од вкупно 242 објекти, на 117 или 48,3 отсто како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 125, односно 51,7 отсто инвеститори се деловни субјекти.