Во мај годинава се издадени 317 одобренија за градење, што е за 1,9 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 5 311 942 000 денари, што е за 23.4 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 137 (43,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 119 (37,5 проценти) за објекти од нискоградба и 61 (19,3 проценти) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 317 објекти, на 142 (44,8 проценти) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 175 (55,2 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 675 станови, со вкупна корисна површина од 54 646 метри квадратни.