Во септември годинава се издадени 318 одобренија за градење, што е за 28,2 проценти повеќе во однос на септември лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Најголем број од одобренијата се во Полошкиот регион, 66, по што следат Скопскиот регион, 62, Југоисточниот, 53, Вардардскиот 46,… Најмалку дозволи за градба, 17, се издадени во Пелагонискиот регион.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56 849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица, 87, Гевгелија, 86, Гостивар, 76, Дебар, 40,..
Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија во септември годинава изнесува 3 833.718.000 денари, за 16,7 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9 проценти) се за објекти од високоградба, 35 (11 проценти) од нискоградба, а 99 (31.1 процент) се објекти за реконструкција. На 195 (61,3 проценти) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на останатите 123 (38,7 проценти) објекти инвеститори се деловни субјекти.