среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Економија

Во септември можен е ребаланс на Буџетот

Во септември можен е ребаланс на Буџетот

Ако се оцени дека е потребно, можно е во септември да има ребаланс на Буџетот, рече вечерва министерот за финансии Фатмир Бесими.

Како што истакна Бесими во интервју за телевизија Сител, досега средствата се реализираат според планот, а во Буџетот се обезбедени и 225 милиони евра за антикризни мерки кои стојат како резерва.

-Досега, тоа што го имавме планирано, го реализираме. Во однос на приходи и расходи сме блиску до 50 отсто, во однос на дефицитот сме на 55 отсто зашто капиталните расходи годинава имаат значително поголем раст и во однос на лани за 1,5 пати имаме поголем степен на реализација, над 45 отсто во оваа фаза. Се уште сме во планот, сметаме дека до крајот на годината ќе остане во рамките на планот, може да има во септември евентуално, ако се покаже потреба, и тоа е, во вакви улсови на кризни ситуации може, ако има потреба, да се редефинираат работите. Во Буџетот имаме обезбедено и 225 милиони евра за антикризни мерки кои ни стојат како резерва, веќе 60 милиони имаме исплатено за ЕСМ во однос на субвенции за цената на струјата. Останува уште простор за поддршка до крајот на годината за потребите на граѓаните и стопанствтоо кои се најпогодени од инфлацијата и енергетската криза, истакна Бесими.