АД ЕСМ во текот на вчерашниот ден произведе 11.446 мегават часови електрична енергија.
Како што информираа од Владата, во термоелектраните се произведени 8.092 мегават часови, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк „Богданци“ 3.354 мегават часови струја.
– АД ЕСМ на 04.11.2022 година целосно ги задоволи потребите за струја на домаќинствата и на малите потрошувачи исклучиво од сопствените домашни капацитети, се додава во соопштението на владината прес-служба. (МИА)