На Волстрит цените на акциите пораснаа во понеделникот, најмногу во финансискиот и технолошкиот сектор, бидејќи инвеститорите се надеваат на подобри квартални деловни резултати од банките и компаниите отколку што проценуваат аналитичарите.
Dow Jones зајакна за 0,22 отсто, на 34.585 поени, додека S&P 500 порасна за 0,39 отсто, на 4.522 поени, а индексот Nasdaq за 0,93 отсто, на 14.244 поени.
Најмногу вчера порасна индексот S&P 500 на банкарскиот сектор, закрепнувајќи се од падот во петокот, кога беше под притисок на послабите од очекуваните деловни резултати на неколку банки.
Инвеститорите се надеваат дека деловните извештаи на банките кои неделава ќе ги објават резултатите ќе бидат подобри.
По слабиот почеток на сезоната за известување, Bank of America, Morgan Stanley, Goldman Sachs, Tesla и Netflix, меѓу другите, ќе ги објават резултатите оваа недела.
Аналитичарите во анкетата на Ројтерс проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во вториот квартал ќе биде за околу 8 отсто помала отколку во истиот период минатата година. На почетокот на месецот се очекуваше пад на добивката за 5,7 отсто.
Поддршка за берзанските индекси вчера даде и растот на цените на акциите на неколку технолошки гиганти, како Тесла и Епл.
Пазарот е поддржан и од уверувањето на инвеститорите дека, поради намалувањето на инфлаторните притисоци, американската централна банка наскоро ќе го прекине циклусот на зголемување на каматните стапки, кој трае повеќе од една година.
Се очекува ФЕД да ги зголеми каматните стапки уште еднаш овој месец за 0,25 процентни поени и тоа ќе биде последното зголемување во овој циклус.
И на европските берзи цените на акциите вчера паднаа бидејќи инвеститорите беа разочарани од послабиот од очекуваниот раст на кинеската економија во вториот квартал.
Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,38 отсто, на 7.406 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,23 отсто, на 16.068 поени, а париски CAC за 1,12 отсто, на 7.291 поен.